Кристијано Роналдо ја одржа првата прес-конференција по трансферот во Ал-Наср.
– Се чувствувам многу добро. Толку сум горд што ја донесов оваа важна одлука во мојот живот. Кога донесувам одлуки, семејството секогаш ме поддржува, особено моите деца. Сакам да дадам поинаква визија за земјата и фудбалот во Саудиска Арабија. Ако го земете Светското првенство како пример, тогаш единствената репрезентација што го победи шампионот е Саудиска Арабија. Дојдов да играм, да победам и да се забавувам, изјави Роналдо.
Погледнете како изгледаше пречекот:
Португалецот потпиша договор со Ал-Наср на 30 декември. Договорот е со важност до летото 2025 година.
Но, скандал се случи на прес конференцијата,кога на новинарско прашање Роналдо место да каже дека ќе игра за Саудиска Арабија, рече Јужна Африка.
„Не мислам дека доаѓањето во Јужна Африка е крај на мојата кариера, сакав промена. Да бидам искрен, не ми е гајле што зборуваат луѓето“, изјави легендарниот Португалец.
Твитерџиите овој прилично голем гаф не му го простија:
Saudi Arabia really just paid Cristiano Ronaldo $200m to say he’s excited to play in ‘South Africa’ 😂😭 pic.twitter.com/wGegzyphE5
— JAKE BUCKLEY 🇦🇺 (@TheMasterBucks) January 3, 2023