Дале и по 1.000 евра за дочек, а ги стуткале како сардини – Сплавот во Белград бил преполн – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/23 6:09 PM

Дале и по 1.000 евра за дочек, а ги стуткале како сардини – Сплавот во Белград бил преполн

-Ми рече дека биле припиени како сардини, не можеле ни да дишат, рекла една мајка за српски Блиц, која ја затекнале пред сплавот, кој синоќа потона во Белград.

Според нејзиниот син, најмногу луѓе имало позади, каде што имало ВИП сепаре.

– Каде може да застанат 15, ставаат барем дупло. Имаше многу странци и девојчиња на 16, 17 години – додала мајката.

Како што изјавила, нејзиниот син излетал и ѝ се јавил да дојде да го земе околу два часот по полноќ.

– Ми кажа дека сплавот тоне, се преплашив! Добро е што остана со жива глава, некои се враќаа да си ги земат работите, нему не му дозволија. Сега дојдов да ја земам јакната, но таа останала внатре – раскажала оваа мајка.

Таа додала дека келнерот фрлил се што имал во рацете и почнал да бега.

– Никој не знаеше што се случува. Тоа беше прашање на секунди. Видов двајца како трчаат надвор, на другарите им реков да трчаме. Чаши имаше по целиот под, девојките се собуја и трчаа боси. Водата полека се креваше, во еден момент на последната група луѓе веќе им беше до колена. Луѓето излегоа мокри и исечени – сведочел друг млад човек.

Како што вели, сето ова било, во најмала рака, голема грешка.

– Дадовме многу пари за забавата што пропадна, но добро е што спасивме животи! Ни недостасуваат документи, пари, другарка ни ја остави цела чанта на маса, без јакни сме, а верувајте многу пари дадовме – ни вели тој.


Според огласот за дочекот на Новата 2023 година во овој клуб, цената на билетот за ноќевање отишла од 27 на 40 евра и до неверојатни 1000 евра, колку што изнесувала доплатата за таканаречениот „сепаре фристајлер“ со шест премиум шишиња пијалоци по ваш избор.

И други бројни гости од синоќа, меѓу кои и многу странци, кои утрово дојдоа пред сплавот во потрага по својата гардероба и документи, велат дека внатре имало гужва, што, како што велат, „не можело да се дише“.

Во раните попладневни часови пред сплавот се појавил и менаџерот, кој не сакал да даде изјави за насобраните новинари.