За време на новогодишната ноќ на сплавот „Фристајлер“ во Белград дошло до несреќа, кога сплавот наеднаш почнал да тоне.
Забавата се претворило во панично бегство од сплавот во моментот кога водата почнала да навлегува во внатрешноста на зградата.
– Се беше убаво додека наеднаш не се искрививме. Не сфативме веднаш што се случува, но кога ни се намокрија стапалата, настана вистински хаос. Пиштење, врескање и панично трчање кон излезот – вели девојка која ја дочека Новата година на овој сплав.
View this post on Instagram
Како што може да се види од бројните видеа и фотографии, сплавот потонал на половина, а гостите панично истрчале надвор.
– Само чекавме да се фатиме за излезот. Сите почнаа да трчаат одеднаш, а јас се плашев да не не можам да излезам пред да потоне. За среќа, полицијата и пожарникарите брзо реагираа и се добро се заврши – додаде очевидецот.
На сплавот настапил Реља Поповиќ, кој меѓу првите бил евакуиран.
View this post on Instagram
Од итната помош велат дека при инцидентот нема сериозни повредени. Неколку лица добиле помош за расекотини, а на местото се испратени две екипи на Брза помош.
View this post on Instagram
Извор и фото: Курир.рс