Десет години не можев да го поднесам Барак, вели Мишел Обама – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/22 11:00 AM

Десет години не можев да го поднесам Барак, вели Мишел Обама

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама изјави дека 10 години „не можела да го поднесе“ својот сопруг, поранешниот американски претседател Барак, пренесува „Гардијан“. Во интервју за „ТВ револт“, таа ја претстави својата книга, па раскажуваше и како грижата за нивните ќерки кога биле мали, им го оптоварувала бракот.

Мишел е со Барак е во брак околу 30 години. Таа деновиве ја промовира својата книга „Светлината што ја носиме“, па истакнува дека не разговарала доволно со својот сопруг за тоа – колку труд е потребно за да се воспитуваат деца и „колку тешко одат нештата дури и кога си лудо вљубен во некого“ и сè оди како што треба.

– Цели 10 години не можев да го поднесам мојот сопруг. И погодете кога се случи тоа? Кога децата беа мали, вели Мишел.

Ова се случило, вели таа, додека политичката кариера на Барак Обама била во нагорна линија, па таа морала сама да се грижи за Саша и Малија, кои имале 10 и седум години кога Обама првпат беше избран за претседател на САД, 2009 година.

МИА