Лажна пријава за поставена бомба во објект на „Пошта“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/22 4:02 PM

Лажна пријава за поставена бомба во објект на „Пошта“

Дојава за поставена експлозивна направа денеска е добиена на електронската адреса на објект на „Пошта“. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека пријавата е лажна.

– Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и е утврдено дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, се наведува во соопштението од МВР.