Тепа мажи за пари и за тоа им наплаќа, а тие уживаат: Девојка од Британија нашла необичен начин за заработка – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/22 8:00 PM

Тепа мажи за пари и за тоа им наплаќа, а тие уживаат: Девојка од Британија нашла необичен начин за заработка

Девојка од Британија нашла начин да го наплати она во што е вешта.

Имено, Софи Лариса Вајс (30) за себе вели дека е поранешна гламурозна манекенка. Тврди дека е опседната со борење и бокс, па решила да заработи од своето хоби. Како што вели, деновите ѝ поминуваат тепајќи мажи кои уживаат во тоа и ѝ плаќаат.

„Ми доаѓаат од сите страни на светот за да ги претепам. Сакаат да доминирам над нив со моите боречки движења, ги гушам сѐ додека не се предадат“, истакнала таа опишувајќи го своето секојдневие.

„Имав тип од Мадрид кој долета само за да го ударам по лицето. Нашол евтин хотел и лет па се почастил. Наплаќам по 500 фунти на час, а тој овде помина два часа“, раскажала таа.

Нејзиниот татко е горд на тоа што го прави, дури вели дека со тоа им се фали на сите во градот.

„Мојот татко мисли дека тоа е прекрасно. Дури и кога беше на одмор во Египет на сите им раскажувал за тоа и кажал дека неговата ќерка тепа мажи наоколу и така заработува за живот“, додала таа.

Инаку, Софи почнала да се занимава со фотомоделство кога имала 19 години. Нејзиниот татко ја мотивирал да си го обликува телото преку фитнес и боречки вештини во период кога имала тешкотии во животот и пореметување со исхраната.

Вели дека со оваа работа почнала кога „некој чудак ја прашал дали може да го крене“.

Сега крева мажи и ги „фрла“ за пари, а при тоа и ги удара, но тие си одат дома среќни, а со празен паричник.

Сепак, многумина се сомнителни и сметаат дека овие мажи добиваат повеќе од неа за тие пари. Признава дека тоа што повикувала странци во својот дом порано било ризично, но никогаш не се случила непријатна ситуација.

„Повеќето мои клиенти се постари од 40 години. Верувам дека некои доживуваат средовечна криза па доаѓаат. Некои се женети и тоа го прават тајно, додека има и такви кои се слободни па на овој начин се опуштаат“, вели Софи која има профил и на OnlyFans, страница која е строго резервирана за возрасни, а на која таа за еден месец заработила 11.000 фунти“, пренесува Daily Meil.

 

Извор:  stil.kurir.rs