Тетовец(63) преку мобилен дојавил за поставени бомби низ Делчево, па доби кривична – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/22 10:45 AM

Тетовец(63) преку мобилен дојавил за поставени бомби низ Делчево, па доби кривична

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27.12.2022 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2  од Кривичниот законик.
-На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби. Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети. По преземени мерки и активности, на 22.12.2022 С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картици, информираат од МВР.