(Видео) „Да видите како ми е…“ – Меси се пофали со талентот на жена му, танц само за неговите очи – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/22 10:55 AM

(Видео) „Да видите како ми е…“ – Меси се пофали со талентот на жена му, танц само за неговите очи

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го освои Светското првенство во Катар пред седум дена и со тоа ја комплетираше колекцијата со последниот трофеј што му недостасуваше.

Веднаш потоа следуваше враќање во татковината и голема прослава на улиците на главниот град, со пријателите во Росарио, но и со семејството – со оглед на тоа што Пари Сен Жермен му дозволи на Меси малку подолг одмор за да ги „наполни“ батерии за продолжение на сезоната.

Меси го искористи слободното време да го прослави Божиќ со своите најблиски,  а особено ужива со сопругата Антонела Рокузо, па на социјалните мрежи покажа како изгледа…


Меси сподели видео на кое се гледа неговата сопруга Антонела Рокузо, која ја познава уште од средно училиште, како заводливо танцува на латино ритам. Има, секако, чаша шампањ, за уште еднаш да наздрави за спортскиот момент од годината кој според многумина го „турна“ Меси на местото најдобар играч на сите времиња.

“Мојата сопруга Антонела има многу одлични квалитети. Навистина се восхитувам како се справува со секојдневните задачи, секогаш е расположена и секогаш ги решава проблемите. Многу е интелигентна и успешна во сите аспекти на животот”, рече еднаш Лео.

Извор: мондо.рс