И Гостивар се гуши: Мерките и препораките против загаденоста стапуваат на сила и во овој град – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/22 2:42 PM

И Гостивар се гуши: Мерките и препораките против загаденоста стапуваат на сила и во овој град

Алармантна загаденост на воздухот денеска е регистрирана во Гостивар.

Мерките против загадувањето кои Владата вчера ги усвои за Скопје, Кавадарци, Кичево и Струмица, веќе важат и за Гостивар – соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Гостивар, информираа надлежните.

Поради проблеми со мрежните системи на Министерството за животна средина и просторно планирање и инсталација на нова серверска опрема не ни се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на ПМ10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

 

Гостивар

23.12.2022

182.02

24.12.2022

168.65

*концентрациите се изразени во mg/m3

Министерството за животна средина и просторно планирање достави информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Гостивар за епизодата на алармантно загадување на воздухот.

Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата одржана на 28.11.2017 година, за Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.

Бремените жени и хронично болните се ослободуваат од работа: Стапуваат на сила мерките против алармантната загаденост