(Видео) „Борба за уште една ноќ“ – Децата на Пеле во болница заедно за Бадник – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/22 11:10 AM

(Видео) „Борба за уште една ноќ“ – Децата на Пеле во болница заедно за Бадник

Децата на легендарниот бразилски фудбалер Пеле се собраа околу својот татко во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло за заедно да го минат католичкиот Божиќ, објави семејството преку социјалните мрежи.

Пеле (82), кој од есента 2021. боледува од рак на дебелото црево, кон крајот на минатиот месец беше повторно хоспитализиран, a неговите доктори во средата објавија дека болеста напредува и оти Пеле има проблеми со бубрезите и срцето.

Неговиот син Едињо на Инстаграм објави фотографија на која го држи својот татко за раката со порака: „Тато, мојата сила е со тебе“.

Едињо, кој е технички директор на фудбалскиот клуб Лондрина, во јужната бразилска држава Парана, претходно оваа недела им се приклучи на своите сестри, Флавија и Кели, кои изминатиот период честопати беа до својот татко во болницата во Сао Паоло.

Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, е единствениот фудбалер во историјата на фудбалот со три светски титули освоени со репрезентацијата на Бразил за која дебитираше на 17-годишна возраст (1958, 1962, 1970).

МИА