Вчеравечер четириесет и едногодишен маж од селото Бучим пријавил дека претходниот ден во претпладневните часови била нападната неговата ќерка, информираше денеска полицијата во најновиот билтен.
Според пријавата, настанот се случил пред основно училиште во Радовиш каде малолетното девојче биле физички нападнато од едно лице.
Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.