Целиот естраден свет остана шокиран кога пејачот Марко Булат ја пријави сопругата во полиција за семејно насилство.
Сите мислеа дека тоа е крај на големата љубов на пејачот и неговата долгогодишна избраничка, но се случи пресврт и тој пред неколку дена се појави на снимањето на новогодишната емисија рака под рака со жена му Марија.
Двајцата позираа насмеани, па може да се каже дека помирувањето е дефинитивно, како што неодамна за српски Курир зборуваше Марко Булат:
-Ова се најубавите години од мојот живот кога ги гледам моите деца како растат, уживам да сум родител и овој пат не би го менувал за ништо во животот. Имам одличен однос со сопругата, фала богу се е супер.
На прашањето дали ја повлекол тужбата против Марија, Марко одговори со песна.
-Направи барем еден погрешен чекор за полесно да те оставам. Јас и пеам други песни. Љубовта мора да победи, бидејќи не ги разбирате луѓето, без љубов нема живот или напредок, нема ништо. Ако мажот е без љубов, тој е ништо, па мислам дека дадов одговор – истакнал за Курир.рс.
Марко еднаш за Курир рече дека Марија го гребала и давела.
– До расправија дојде затоа што не легнав до Марија да ја заспијам, таа имаше болки, а јас не ја смирив и тешев. Можеби тоа го направи од мака, ми кажа секакви работи во афект, па ја пријавив, цело време сум тука. Таа беше дел од многу афери, јас пријавив семејно насилство, рекол тој.
Во телевизиска емисија, пак, додал:
-Нема да ги коментирам нејзините изјави, сигурно сам себе не се давев! Ќе видиме дали ќе се разведеме, денеска во разговорот со неа не видов желба бракот да опстане – изјави тогаш Марко во емисијата.
Фото: курир.рс