Кралот на музиката Ферус Мустафов вчера прослави роденден, а кој роденден го славеше, односно колку години наполни не сакаше да каже.
Вели дека годините не се важни, се чувствува како да наполнил 25, а тоа го покажува и неговиот дух и изглед кој му намалува од вистинските години, ни и прашалникот на славеничката торта.
-Што колку години наполнив? Не изгледам на тие што ги имам. И на тортата немаше години, само прашалник. Абе ајде, каква врска имаат годините, никој не ми дава толку колку што имам. Не се битни годините. Важно е дека сум дедо и прадедо и тоа е убаво, а колку години имам не е важно. Се чувствувам како да наполнив 25 години, вели славеникот.
За роденденот изненадување му приредиле син му Илми ивнукот Ферус Јуниор. Тој не знаел дека двајцата организирале се што е потребно за журката. Негово било само да посака желба и да го дувне прашалникот.
-Секако дека си замислив желба. Желба за роденден ми е да бидеме сите здрави и живи. Тоа што требаше да го постигнам, јас го постигнав. Сега внук ми Ферус продолжува по мене, со неговиот талент излезе надвор од границите. Навистина синот и внукот ме изненадија. Не беше голема журка, ама важно семејно го прославивме, сите бевме заедно, вели тој.
Она што е чудно е што Ферус слави 25-ти роденден, а желбите му се поврзани само со „да сме живи и здрави“. Во неговите желби никаде ги нема жените, кои ги споменуваше во речиси секое интервју. Но, на прашањето за жените тој како од пушка одговори:
-Ако имам толку години жените уште ме сакаат, а и јас ги сакам. Тоа не сме е да се заборави. Не сум стар. Само што сега и не можам да одам по жени од други причини. Ќерка ми Мелек не ми дава, многу е љубоморна. Па чекам Мелек да порасне, да си фати дечко и да ме разбере, на шега вели Ферус.
(В.М.)
„Се расплакав од радост“ – Ферус Мустафов пресреќен, стана прадедо и го прослави 70 роденден