Поради дојавата за бомби Амбасада на САД издаде предупредување – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/22 12:04 PM

Поради дојавата за бомби Амбасада на САД издаде предупредување

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните кои планираат да ја посетат Македонија поради дојавите за бомби, но и поради кражби.

На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“.

Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на празничниот период и постојаната закана со бомби низ Северна Македонија, граѓаните треба да бидат свесни за околината и во однос на кражбите.

„Исто така, има пораст на пријавени закани за бомби повеќе пати неделно низ Скопје и регионот, на станици за јавен превоз, аеродроми, хотели, трговски центри, спортски центри и училишта. Локалните органи за спроведување на законот ја истражуваа секоја закана и досега сите закани за бомби беа лажни. Ако се најдете на локација што добила закана за бомба, следете ги упатствата на локалниот безбедносен персонал и полицијата на лице место“, се наведува во соопштението.