Откако Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка ги објави фотографиите да се види како е украсен градот, не престануваат коментарите на Социјалните мрежи.
Освен пофалбите, не изостанаа и шеговитите коментари за Крива Паланка, која го надмина Скопје и се спореди со светски метрополи.
„Скопје ли е паланка ли е“, се дел од коментарите кои ги упатуваат сите пофалби на малото градче на истокот, кое блесна во новогодишна атмосфера.
А за споредбата со фотографијата- нема коментар!