Имала пет мажи и од никој не се развела, заглавила во затвор поради бигамија – Исповед на шокиран маж – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/22 9:25 PM

Имала пет мажи и од никој не се развела, заглавила во затвор поради бигамија – Исповед на шокиран маж

Емили Хорн (43) е најголемата британска полигамистка која дури двапати била затворена поради тој прекршок, но ниту тоа не ја спречило да ги менува сопрузите како чорапи.

Во меѓувреме си нашла ново момче Вејн Харпер (43) со кој поминала година и пол во врска, но на крајот ја оставил затоа што го изневерувала. Харпер потоа ја раскажа целосната верзија на врската со неа за Сан, откривајќи неверојатни детали за врската која му го променила животот.

– Ја запознав Емили во болница. Имав лоша повреда на главата откако паднав од мојот велосипед и таа беше таму на операција. Се зближивме. Изгледаше убава, витка, интелигентна и секси, а јас помислив што повеќе може да посака еден маж – ја започнува својата приказна разочара Вејн.
Како што истакна, немал поим дека зад Емили се крие неверојатно љубовно искуство.

– Знаев дека нема каде да се врати по излегувањето од болница, па и предложив да се пресели во мојата семејна куќа, што таа го прифати. Во еден момент ми кажа дека мора да ми признае дека зад себе има неколку бракови. Таа ми призна дека била мажена 5 пати и дека никогаш не се развела од никого, но ме убеди дека ми е верна, па решив да останам со неа. Потоа ми призна дека глумела во „филмови за возрасни“, а јасно ми е дека прескокнала многу други бизарни детали – ја продолжува приказната Вејн.

Се испостави дека Емили за прв пат се омажила во раните деведесетти и бракот траел само 3 месеци. Во следните 3 години таа повторно се омажила без претходно да се разведе од првиот сопруг. Тогаш секогаш ќе дојдел некој нов со кој таа ќе стапи во брак, без претходно да се разведе од некој партнер.

Целата приказна на Емили се појави во документарецот на Канал 4 наречен „Бигамната невеста: Моите 5 мажи“. Се испостави дека во 2004 година била во затвор 6 месеци поради бигамија, а како тоа да не и било доволно, за истиот прекршок завршила зад решетки во 2009 година. Потоа одлежала 10 месеци и добила уште 2 години условна казна. .
– Јас и Емили бевме заедно 18 месеци, колку што таа живееше под мојот покрив. Дури и татко ми се сеќава на неа. Тогаш дознав дека ме изневерувала и ја оставив, а точниот број на мажи го дознав дури подоцна – изјавил Вејн.

Емили беше официјално мажена 5 пати, а имаше и лажна свадбена церемонија со шестиот партнер, но и бројни вереници во меѓувреме. Таа дури, додека беше свршена со еден маж, отиде на одмор каде дури двапати се омажи, па изгледа оваа жена успеа да постигне се.

Во документарецот, инаку, се појавуваат голем број нејзини партнери кои откриле како ги држела блиску и зошто никој од нив не се развел од неа.