Повеќе од две илјади фудбалски фанови од Мароко на првиот африкански полуфиналист на Мундијалот беа спречени да присуствуваат на вечерашниот натпревар со Франција.
Уште од победата над Португалија се знаеше дека сензационално добрата и успешна репрезентација од Црниот континент ќе има многукратно поголема поддршка на стадионот „Ал Бајат“, на 14 декември од 20 часот.
Проценките за бројот на Мароканци во дуелот за историското финале се движат од 20.000 до дури 45.000 навивачи на кои во срцето им е Хакими и неговиот тим, а ќе имаше повеќе доколку Ројал ер Мароко не ги суспендираше чартер летовите од Казабланка.
Државната авиокомпанија само кусо објави дека откажала седум специјални летови од споменатиот град до Доха, а информациите од терен велат дека причината е проценката на катарските власти дека на нејзина територија веќе има премногу Мароканци.
Се мисли на оние кои тргнаа на Мундијалот, сакајќи во живо да ги бодрат избраниците на Валидо Реграги, без претходно да обезбедат билет за вториот натпревар од полуфиналето. Не вредеше ниту тоа што навивачите тврдат дека Фудбалскиот сојуз на Мароко им ветил билети, но не им ги доставил пред да пристигнат во земјата домаќин на првенството.
Така, суспендирани се вкупно 2.100 несомнени патници, откако првите 23 авиони правилно полетале. И тука настанал проблемот, бидејќи Мароканците кои пристигнаа на овој начин беа замолени да ги покажат билетите за натпреварот на аеродромот во Доха.
Извор: Данбар.рс
Фото: moroccoworldnews.com