Јовески навистина и е лут на Грковска -Повикан, а не дојде на конференцијата за борба профив корупција – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/22 1:40 PM

Јовески навистина и е лут на Грковска -Повикан, а не дојде на конференцијата за борба профив корупција

Владата го зголеми буџетот и капацитетите, останува на судиите и на јавните обвинители да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите, порача денеска вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на денешната Регионална конференција за борба против корупцијата во Скопје, Грковска рече дека тоа што Владата го направила досега не е доволно, меѓутоа, факт е дека од страна на тоа што Владата можело да го направи, како голем исчекор е направено.

– Останува на судиите и на обвинителите да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите и едноставно да влеат доверба во граѓаните која што за жал сега ја немаат, дека непристрасно ги носат одлуките и дека законите важат за сите подеднакво без разлика дали за политичари или бизнисмени, изјави Грковска.

Прашана за отсуството на јавниот обвинител Љубомир Јовески од Конференцијата, вицепремиерката Грковска рече дека тој бил поканет, го потврдил неговото присуство, но не знае од кои причини денеска не е тука.

– Јас сум отворена за соработка со сите, тоа секогаш сум го кажувала и тоа сме го покажале со сите активности коишто ги имаме досега како кабинет. Ниту една наша активност не завршила без исход. Тоа сакам да го потенцирам, рече таа.

Во однос на изборите на обвинители во ОЈОГОКК, таа посочи дека не може да има генерални услови за избор и во тоа Обвинителство треба да бидат обвинители со искуство кои имаат веќе рекорд на успешни случаи од областа на организиран криминал и корупција.

– Во смисла на тоа дека треба да се фокусираме кон правилници, подзаконски акти меѓутоа и закони каков што е тој за Судскиот совет и Совет на обвинители, кои можат да се изменат со просто мнозинство, а во кои има начин како да се подобрат решенијата што се во постојните закони а кои предизвикуваат слабости во функционирањето, рече Грковска.

За изборот на шеф на ОЈОГОКК, вицепремиерката посочи дека од законски аспект изборот е во ред, меѓутоа без немање цензус и други услови при избор, како што рече, и во иднина може да имаме, прилично интересни избори.

– Ние ќе можеме да се соочиме во иднина без разлика на можноста обвинителите на непосредни избори да одлучуваат кој ќе го води тоа обвинителство во услови на непостоење на цензус да имаме прилично интересни избори во иднина. Може да се случи само тој што е кандидиран да излезе да гласа за себе и  да биде избран и покрај тоа што другите можат да одлучат, појасни таа.