(Видео) Кој се криеше зад длабокиот машки глас во „Велики брат“? Откриена тајна чувана 16 години – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/22 8:51 AM

(Видео) Кој се криеше зад длабокиот машки глас во „Велики брат“? Откриена тајна чувана 16 години

Реалното шоу „Големиот брат“ беше убедливо нешто видено за прв пат на нашите простори, кое како телевизиски формат собра огромна гледаност во целиот регион.
Првата сезона на познатото реално шоу „Големиот брат“ беше прикажана во Холандија во септември 1999 година, додека овој формат на Балкан пристигна малку подоцна, во 2006 година.
Реалното шоу траеше до 2015 година и сите ги интересираше  кој се крие зад ефектниот глас што им зборува на учесниците преку разглас.

Сега е откриена тајната чувана 16 години.  Зад длабокиот машки глас, кој ги мачеше натпреварувачите, смислуваше задачи и ги казнуваше не се криеше маж туку жена.

Во прашање била водителката Душица Јаковљевиќ, пишуваат српските медиуми.

– Бев уредник и смислував задачи за натпреварувачите, а тоа што никој не го знаеше е дека јас бев Големиот брат! Во тоа време, многу учесници во реалното шоу беа заљубени во мене. Мислеа дека сум маж и дури кога го напуштија Големиот брат, сфатија дека ги заведе жена – изјави неодамна водителката Душица Јаковљевиќ, пишува Информер.рс