Дедо стави пари на книшка, Јоана да се школува – Ферус Мустафов го прослави првиот роденден на правнуката – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/22 6:15 PM

Дедо стави пари на книшка, Јоана да се школува – Ферус Мустафов го прослави првиот роденден на правнуката

Тоа не беше роденден туку свадба, вели Ферус Мустафов, кој вчера го прослави првиот роденден на неговата правнука Јоана.

Ферус вели дека е пресреќен што дочекал да слави роденден на правнука, дека е жив и здрав и дека ги дочекал овие радости. Јоана  е ќерка на неговата внука Лиле, која, пак, ќерка на син му Илми.

-На сите им посакувам Бог да им даде ваква радост да си дочекаат. Тоа не беше роденден, туку навистина беше како свадба, имаш околу 200 гости. Имаше гости и од Босна, пееше Садик Хасановиќ, Христијан Кико Божиновски, свиреа „Екстра бенд“. Супер се чувствувам, мислам дека тоа е добар успех.  И ставив пари на книшка, мислам дека така е најдобро. Можеби кога ќе порасне ќе сака да се школува, а може и  да биде пејачка. Што и да биде пари ќе и требаат, вели Ферус.

Во ова музикално семејство уште не се одлучила што сака да биде само неговата најмала ќерка  Мелек, која има 10 години.

-Таа проба да свири на неколку инструменти и сега последно е дека сака да биде пејачка. Што и да одлучи јас ќе ја поддржам, вели Ферус.

Од синот Илми го име внукот Ферус јуниор, кој не е женет, бидејќи  оди по стапките на дедо и многу е зафатен со настапи.

Ферус постариот и Ферус јуниор денес заминуваат за Сарево , ќе гостгуваат едно телевизиско шоу.