Пронајден е удавен човек, се претпоставува дека етој кој вчера се фрли во Вардар – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/22 4:51 PM

Пронајден е удавен човек, се претпоставува дека етој кој вчера се фрли во Вардар

ЦУК информира дека по дојава на граѓани попланево е пронајдено лицето, за кое се претпоставува дека вчера се фрли во Вардар.
-По дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и координација на ЦУК со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно тоа коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот ,,Близнак” на булевар ,,Србија” во Вардар. Удавениит човек е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост. Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот. За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации, информираат од ЦУК.