(Видео) Вечна љубов -Сопругот исчезнал шест недели по венчавката, му била верна 68 години а потоа ја дознала вистината – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/22 8:00 PM

(Видео) Вечна љубов -Сопругот исчезнал шест недели по венчавката, му била верна 68 години а потоа ја дознала вистината

Во далечната 1944 година, Пеги Харис од Тексас се омажила за своето момче Били.,  уживале во среќен брак шест недели, а потоа Били бil повикан во војска како пилот за да се бори во Нормандија.

Пеги го испратила својот сопруг, очекувајќи го неговото враќање. Сепак, таа никогаш не добила никаква информација, од нејзиниот сакан немало ни трага ни глас. Никој не ја ни известил дали нешто му се случило. Нејзиното чекање траеше цели 68 години.

„Били и јас бевме во брак само шест недели, но решив тоа да го направам за цел живот“, вели Пеги.

Нејзиниот сопруг никогаш не се вратил. На почеток го воделе како исчезнат,  потоа дека е  жив и се враќа дома, а потоа Пеги добила писмо во кое пишувало дека е убиен и закопан. По некое време, добила писмо во кое се вели дека е погребан на новите гробишта, а потоа дека можеби тоа воопшто не се негови посмртни останки.

„Им пишав на сите и барав какви било информации за мојот сопруг. Последен пат му пишав на конгресменот во 2005 година. Добив одговор дека сè уште се води како исчезнат“, се сеќава Пеги.

По толку изминати години конечно негов роднина кој имал пристап до воените досиеја го пронашол. Неколку војници кои се водат за исчезнати биле погребани во Франција, во Нормандија. Токму тука се криела мистеријата сите 68 години. Од тој момент, Пеги испраќала цвеќе на гробот 10 пати годишно.

„За неговиот роденден, годишнината од свадбата, Божиќ и некои други датуми кои ни се важни “, вели Пеги, која е последната вдовица којашто ги посетувала овие гробишта.

Времето што го минува на неговиот гроб, за неа вели е драгоцено и покрај тоа што заедно поминале само шест недели, додека 60 години се разделени. Сепак, вистинското изненадување не дошло кога дознала дека тој починал, тоа го очекувала, но не и тоа што подоцна го дознала…

Во малото нормандиско село Ла Вент, постои улица Били Харис, каде во последните 60 години трипати годишно се организира прошетка во негова чест! Причина за тоа е падот на неговиот авион кој се урнал на тоа место, додека се обидувал да одржи доволно контрола да не удри во селото и на тој начин да избегне цивилни жртви.

Неговото тело е пренесено на американските гробишта. Жителите го сметале за херој и постојано му носеле цвеќе.

извор-stil.kurir.rs