Детски Евросонг: Победи Франција, Македонија заврши на 14 место – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/22 6:34 PM

Детски Евросонг: Победи Франција, Македонија заврши на 14 место

Лисандро од Франција со 203 поени победи на Детскиот евросонг, кој се одржа денес во Ереван,Ерменија, додека Македонија заврши на 14тото место со вкупно 54 поени.

Нашите претставници Лара, Ирена и Јован поените ги добија од четири држави, еден поен од Холандија, пет од Ирска, четири од Србија и два од Украина, па гласањето од жирито го завршија со 12 поени.  Од публиката,пак, добија 42 поени.

Второто место го освои Ерменија со 180 поени, а трети беа претставниците на Грузија.

Своите гласови Македонија ги подели вака: 1- Србија, 2 – Англија, 3-  Холандија, 4- Полска, 5-Шпанија, 6- Португалија, 7 -Ирска, 8 -Грузија, 10 -Франција и 12 за Ерменија.