(Видео) Се уште се трага по лицето кое утрово се фрли во Вардар – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/22 3:05 PM

(Видео) Се уште се трага по лицето кое утрово се фрли во Вардар

Специјализиран тим од МВР е на терен и врши потрага, а ЦУК стапи и со Црвен крст и по потреба после проценка и нивни тимови ке се вклучат, најверојатно од утре, велат од ЦУК, кои се во потрага п лицето кое утрово се фрли од мостот „Близнаци“..
– Согласно последните информации за текот на потрагата по лицето коешто се фрлило во водите на Вардар, во моментот дел од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема, вршат потрага по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак“ на булевар „Србија“ и низводно.
Од дежурниот ситуационен центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) е остварена комуникација и координација со Генералниот секретар на Црвенот крст на Град Скопје, при што е договорено ако лицето не биде пронајдено во текот на денешниот ден, Црвениот Крст во текот на утрешниот ден, рано наутро да испрати свои тимови (најверојатно два тима) со опрема и возила за да вршат пребарување на теренот по течението на реката Вардар, лево и десно низводно долж речното корито. Во вакви случаи е информирана и е во тек со настанот и Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје што се вклучува за асистенција при вакви случаи ако се побара помош и од неа, односно ако биде анимирана како потребна на терен од страна на веќе ангажираните тимови за потрага, информираат од ЦУК.