Голем скандал ја тресе германската политичка сцена откако 44-годишниот пратеник во Бундестагот Хаген Рајнхолд и член на партијата ФДП ја оставија својата долгогодишна сопруга, 51-годишната Каролин Прајслер, за поранешната порно ѕвезда Ана Семелхак, пишува Дејли Меил.
Рајнхолд и Прајслер се и двајцата членови на владејачката коалиција и долго време се сметаат за моќна двојка на германската политика. Рајнхолд, инаку лидер на источната група на ФДП, го шокираше Берлин кога мајката на своите деца ја замени со поранешна порно актерка која е позната по своите жешки сцени и бујните гради.
Анина Семелхак неодамна ја замени својата порно кариера со политика, а Рајнхолд беше нејзин ментор како дел од акцијата за промовирање на жените во политиката. И таму се роди љубовта.
Анина дипломирала економија, а пред романсата со Рајнхолд била во брак со магнатот на недвижности – 65-годишниот Теодор Семелхак. Таа се појави и во германската верзија на Големиот брат и води своја агенција за недвижности.
– Тоа е голема љубовна приказна и заедно чекориме кон среќна иднина – изјавила Анина.
– Се запознавме и се заљубивме во ФДП – додал нејзиниот нов избраник.
Бившата партнерка на Рајнхолд накратко се огласи на Твитер и рече:
– Последните неколку месеци ми беа многу тешки. По годините поминати со Хаген во политиката, време е за нешто ново.
Анина на Инстаграм го документирала почетокот на своето политичко патување во јуни, а објавила неколку фотографии со Рајнхолд на кои му се заблагодарува за „топлиот пречек“ и менторството.
Извор: 24sata.hr/ dailymail.co.uk