Хаос во авион на лет за Турција – Трудница лажирала продување, кога принудно слетале побегнале 14 мигранти, а не била ни бремена – ММС
ММС

Објавено на: 12/7/22 3:43 PM

Хаос во авион на лет за Турција – Трудница лажирала продување, кога принудно слетале побегнале 14 мигранти, а не била ни бремена

Авион од комерцијален лет на релација Мароко-Турција принудно слетал на аеродромот Ел Прат во Барселона, по што 28 мигранти се обиделе да избегаат трчајќи преку пистата, соопшти шпанската полиција.

Тие се обиделе да побегнат додека жената била носена на преглед.

Драмата се случила утрото околу 04:30 часот.

Според извештаите, полицијата уапсила 14 лица, меѓу кои и една жена која тврдела дека и пукнал водењакот за време на летот, поради што пилотот принудно слетал.

Кога докторот ја прегледал, открил дека таа воопшто не е бремена, пренесува Дејли Меил.

Осум лица наводно се согласиле доброволно да се вратат во авионот, а полицијата трага по преостанатите 14 луѓе кои избегале.

Овој инцидент потсетува на оној што се случи минатиот ноември, кога повеќе од 20 патници, кои исто така летаа од Казабланка за Истанбул, се обидоа да побегнат во Мајорка, кога еден од патниците одглуми шеќерна кома.

(Курир.рс/dailymail.co.ukеил )