Најмалку 155 лица се повредени изутрината во судар на два воза на станицата Монтцад и Реихац – Манрес на околу 12 километри од центарот на Барселона, соопштија од Итната помош.
Локалните медиуми јавија дека возовите патувале во иста насока и се судриле додека еден бил запрен на станицата. Не се познати причините за несреќата.
A l’espera de les investigacions de la CIAF, vull mostrar el meu suport al personal dels trens i desitjar una ràpida recuperació de les persones ferides al greu accident ferroviari d’aquest matí a #Montcada.@BartolomeEgea
📷XXSS. pic.twitter.com/c9GuepXo0E— Luis M. García/❤ (@LMSitges) December 7, 2022
Од Итната помош посочија дека 150 лица се полесно повредени, а пет лица се потешко повредени, но дека не станува збор за повреди кои се сериозни или опасни по живот. Три лица се пренесени во болница.
▶️ VÍDEO I Imatges del desplegament de @bomberscat i el @semgencat a la zona de l’accident. Més informació ⬇️ https://t.co/OuHJYANQgs pic.twitter.com/dS3CrjgtiU
— VilaWeb (@VilaWeb) December 7, 2022
Поради несреќата накратко бил прекинат железничкиот сообраќај на неколку линии, соопшти регионалната влада.
Опишувајќи го моментот на сударот, една патничка за радио станицата Сер Каталуња истакнала дека доживеалан „страшен удар“ и дека „луѓето врескале“. Друг патник за локалната радио станица RAC1 рекол дека возот бил полн.
#Spain : 70 people have been injured after two trains derailed at the #montcada station just north of #Barcelona, according to local media.
The cause of the incident is being investigated. pic.twitter.com/Y5zPcEkWod
— Kafirophobia (@Kaffiro1) December 7, 2022
Шпанската министерка за сообраќај Ракуел Санчез изјави дека будно ја следи ситуацијата и им посака брзо опоравување на повредените.
Choque de trenes en montcada i reixac. Hay heridos y se ha cortado la circulacion en ambos sentidos. Se han habilitado autobuses lanzadera a barcelona. @rodalies #renfe #montcada #rodaliesr4 pic.twitter.com/1gyE2tieN7
— Yassamel (@Yassamel1) December 7, 2022
МИА
Фото: Твитер принтсрин видео