Матео, еден од трите сина на Меси, скокаше, навиваше и емотивно ја следеше играта во која главна ѕвезда беше неговиот татко, но потоа направи една работа што е неприфатлива.
Ја извади гумата за џвакање од устата и ги гаѓаше навивачите кои седеа под ВИП ложата. Кога го виде тоа, мама Антонела полуде. Таа едвај успеа да се оттргн, беше згрозена од потегот на нејзиниот син, па јасно му порачала дека не смее да го прави тоа.
Antonella retándolo y ese palito de chupetín en una semana está en Mercado Libre ofertado por 200 palos verdes pic.twitter.com/ckLXH1NchR
— #LaRomi (@LaRomiScalora) December 4, 2022
Видеото се прошири на социјалните мрежи, а седумгодишниот Матео сосема неочекувано стана главна ѕвезда на Мундијалот. Коментарите беа сè само не поволни.
Меси по мечот со Австралија изјави дека е исклучително среќен што неговите синови се таму.
“Моето семејство е секогаш во моето срце. Моите синови сега се доволно возрасни за да разберат што се случува и колку е важно ова натпреварување. Тие слават голови, уживаат во победи. Среќен сум што можам да го споделам сето ова со нив”.
ИЗвор: wanted.mondo.rs
Фото: Твитер виео принтсрин