„Имаше многу планови, но Господ имаше свои“ – Охриѓанката Маја загинала во Африка во сообраќајка, објави Цаноски – ММС
ММС

Објавено на: 12/5/22 12:29 AM

„Имаше многу планови, но Господ имаше свои“ – Охриѓанката Маја загинала во Африка во сообраќајка, објави Цаноски

Ние имаме свои планови, но Господ има негови. Од него сме создадени и кај него сите ќе одиме, вели бизнисменот Сефер Цаноски, за македонската инфлуенсерка Маја Миа Јаневска од Охрид, која живеела во Танзанија, а сега во Јужна Африка, а која денес била пронајдена мртва.

Повеќе детали за нејзината смrт нема, но, она што во својата објава на Фејсбук го кажа Цаноски, таа минатата недела била во Македонија за, како што напиша тој, да ја прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да воспостават дипломатки односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

-Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да воспостават дипломатски односи. Ја немав видено повеќе од 20 години од средношколските денови и минатата година во Дебар мало некој ми вика “кај си школски ? Гледам познато лице. Море школски Маја ме заборај ? 20 години сум Африка, останав ама не старееме, гледам дека си и ти добар , уба генерација сме не се даваме… Ај да и помогнеме на државава да се признајт да напрајме нешто, пишува Цаноски и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

– Од секогаш беше добричина, уникатна и своја. Ја имаше истата енергија со еден куп планови и беше полна со живот. Ми кажа дека создала голема мрежа на пријатели во многу држави на афричкиот регион и дека ја почитуваат како успешна жена. Во тоа се уверив и сам во моето патување во Африка кога организираше средби со неколку земји и со цел државен врв во Преториа на Јужна Африка. Беше многу почитувана таму. А само три дена подоцна Ј. Африка испрати писмо до МНР на МКД дека се подготвени да воспостават дипломатски односи. Желба и беше во Ј. Африка да има македонска амбасада, вели Цаноски.
Во неговиот пост објасни дека вчера министерката на претседателот на Јужна Африка му се јавила со шокантна вест, го известила дека во петокот сабајле Маја го загубила животот во несреќен случај.
-Изразив сочувство до нејзината фамилија каде ме известија дека со нејзиниот вереник од Јужна Африка се слушнале за трагедијата која се случила и ветил дека заедно со авион ќе ги донесе посмртните останки и ќе биде достоинствено погребана во својот Охрид. Не можам да поверувам дека пишувам за оваа голема трагедија. А имаше толку многу планови, вели Цаноски.