(Видео) „Нек се игра, нек се пее, нек се слави“ – ДНК приреди празник за душа и за македонската музика – ММС
ММС

Објавено на: 12/4/22 11:57 AM

(Видео) „Нек се игра, нек се пее, нек се слави“ – ДНК приреди празник за душа и за македонската музика

Дилемата дали се сака македонската музика се разреши вчера вечерта во арената „Борис Трајковски“ , која ДНК ја наполнија и заедно со нивната публика го прославија јубилејниот 20 роденден од нивната кариера.

Празник за очи у уши беше кога публиката заедно со нив ги пееше познатите песни, со кои овие две денецении ги полнеа клубовите, салите и плоштадите низ државава. И најмалото сомневање дали ќе успеат го снема уште на стартот кога се изгаснаа светлата и на бината се појавија Панчо и Андреј.

Песна по песна низ ДНК времепловот се пееше, се аплаудираше, се полнеше душата со емоции- тие се наши деца. Собраа и старо и младо, покажаа како ја граделе кариерата од стартот, како деца, па до денес, зрели, смели и влијателни за да порачаат дека во животот се најважни три збора:

„Те сакам, благодарам и извини“.

Тоа беше пораката со која ја најавија нивната претпоследна песна, која успеа да ги освои сите, а ја најави Панчо како химна на животот.

-Ова е химна на животот. Треба да сватите дека да кажете три волжебни збора. Те сакам, благодарам и извини. Многу е лесно само треба да сакате. Ширете љубов и позитивна енергија, порача Панчо и ја запејаа „Ако утре ме нема“, а во позадина на видео бим одеа фотографии од познати личности, кои веќе не се меѓу нас.

Во чест на Марко Божиновски, прерано починатиот ракометар, за Фондацијата која го носи неговото име, а која поддржува млади успешни спортисти,  се испеја „Громови на душа“, а дел од продажбата на билетите ќе бидат наменети за нив.

Роденденската журка ја збогатија со нивните гости Наум петрески, оркестарот на Џамбо Агушев, Магдалена Ена Цветковска, Мина Блажев, Таско, Мартин Буцо Битбокс Атанасовски, Јанг Дади и други.
Се на се големината на ДНК е во нивните песни, во нивната зрелост, во нивната енергија и моќ да привлечат армија обожаватели, кои ќе си го сакаат своето.

Оттаму и оправдано е што тие неколку пати се заблагодарија со „ фала ви што ја сакатае и поддржувате македонската музика“, а публиката постојано има возвраќаше со аплауз, еуфорија, поддршка со мобилните кои правеа зведено небо, да им го осветлуваат патот на Панчо и Андреј и понатаму кон поголеми и поголеми успеси. ДНК тоа и го заслужува.

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски