Тажни вести од Бразил – Лекарите се борат за животот на Пеле – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/22 7:35 PM

Тажни вести од Бразил – Лекарите се борат за животот на Пеле

Легендата на светскиот фудбал Пеле е на крајот од својот животен пат, пренесуваат бразилските медиуми.

Иако претходните денови, откако „кралот на фудбалот“ беше примен во болница, неговата ќерка објави дека Пеле не е во животна опасност, последните информации од Бразил велат дека легендата е на палијативна нега, бидејќи терапијата веќе не  дава резултати.
Пеле долго време се бори со рак на дебелото црево, а сега хемотерапијата едноставно престана да дава резултати, пишува весникот Фолиа де Сао Паоло, а пренесува Ројтерс.

Во моментов, Пеле е само на лекови против болки и на машина за дишење, бидејќи добил тешка респираторна инфекција како резултат на неговиот ослабен имунолошки систем.
Пред почетокот на натпреварот против Камерун на Мундијалот, навивачите на Бразил ширеа знаме со ликот на Пеле и му посакаа брзо закрепнување, а најдобриот млад фудбалер на светот, Килијан Мбапе, објави порака на Инстаграм „ молете се за кралот“.

Пеле стекна светска слава играјќи за Сантос и бразилската репрезентација. Тој е единствениот играч кој три пати го освојувал Мундијалот, а со Сантос два пати бил клупски светски шампион.

Извор: Новости.рс

Фото: Инстаграм