Сирупите за кашлица кои содржат фолкодин ќе бидат забранети во Европската унија, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).
Агенцијата откри дека овие сирупи можат да предизвикаат многу опасна алергиска реакција за време на општа анестезија, додека во некои случаи ненадејна и тешката алергиска реакција може да предизвика и смрт, соопшти ЕМА.
Комитетот за безбедност на ЕМА ги анализираше сите достапни докази и резултати од студиите, безбедносните податоци по продажбата и информациите обезбедени од здравствените работници, но не беше во можност да идентификува ефективни мерки за намалување на ризикот или да утврди дали придобивките од фолкодин се поголеми од ризик. Лекови кои содржат фолкодин се повлекуваат од пазарот на ЕУ и нема да бидат достапни ниту на рецепт ниту на шалтер.
ЕМА ги советува здравствените работници да разгледаат соодветни алтернативи за третман и ги советува пациентите да престанат да земаат лекови кои содржат фолкодин.
Инаку, овие лекови се користат од педесеттите години на минатиот век, се продаваат во неколку земји членки на ЕУ под брендовите Dimetane, Biocaliptol и Broncalene.
На 1 октомври, белгиската Федерална агенција за лекови и здравствени производи ја прекина дистрибуцијата на лекови кои содржат фолкодин.
ЕМА сега работи на нова анализа на односот ризик-корист на овие производи.
Извор: Еспресо.рс
Фото: Freepik