Дојавата за бомба во училиште во Крива Паланка е лажна – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/22 2:30 PM

Дојавата за бомба во училиште во Крива Паланка е лажна

Дојавата за бомба во основното училиште во Крива Паланка е лажна, потврди МВР

-Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Крива Паланка дека на електронската адреса на училиштето била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажна пријава, информираат од МВР.