„Нема никаква пријава, пренагласено е дека било со оружје“ – Министерот Спасовски вели дека немало пукање во Арачиново – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/22 1:30 PM

„Нема никаква пријава, пренагласено е дека било со оружје“ – Министерот Спасовски вели дека немало пукање во Арачиново

Медиумите утрово информираа за непријатна случка во близина на Арачиново, каде полицајци биле нападнати од вооружени лица и биле спречени во акцијата.

Во врска со ова министерот Спасовски на средбата со новинарите рече:

-До сега нема пријава ниту од полициски службеници, дека некој им се заканувал или избркал, ниту пријава од граѓани. Има дојава за недолично однесување на полицијата кои биле на пунктот. Пренагласено е дека било со оружје. Се работи на тоа, па ќе знаеме што навистина се случило. Да видиме дали е така или не. Крим полиција и внатрешна контрола работи, нема пријава за напад. Факт е дека се појавуваат многу информации, но да видиме.