„А од кај си ти?“ – Реченица која предизвика оставки во кралското семејство поради разистички изјави – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/22 9:44 AM

„А од кај си ти?“ – Реченица која предизвика оставки во кралското семејство поради разистички изјави

Камила, сопругата на кралот, вчера одржала собир против насилството врз жените во Бакингемската палата, кој засекогаш ќе биде обележан со страшен, расистички инцидент.

На приемот, Нгози Фулани, директорка на хуманитарната организација „Систа Спејс“ од источен Лондон се посрамотила бидејќи едена од членките на кралското домаќинство и пришла и ја прашала од каде е.
Кога Фулани одговорила дека нејзината организација се наоѓа во лондонскиот кварт Хакни, вработената и поставила прашање по што била „целосно изненадена“.

– Но, од каде всушност доаѓаш? Од каде потекнуваат твоите луѓе? Кога првпат дојдовте овде? Од кој дел на Африка сте? – ја испрашал вработената.

Бакингемската палата соопшти дека коментарите се „неприфатливи и длабоко жалат“ и дека инцидентот го сфатиле „многу сериозно“. Прашањата поставени до Фулани беа „навредливи, расистички и не укажуваа на гостопримство“, изјави за Би-Би-Си Манда Рид, која била присутна.
– Овој инцидент го сфаќаме многу сериозно и веднаш истраживме се за да ги дознаеме сите детали. Беа дадени неприфатливи коментари и длабоко жалиме. Ја контактиравме Фулани и ја поканивме да не посети доколку сака да разговара за сите елементи на она што и се случило лице в лице. Во меѓувреме, вработената инволвирана во инцидентот сака најискрено да се извини што ги повредила другите и поднесе оставка, која веднаш ќе стапи во сила – соопшти Бакингемската палата.

Извор: курир.рс

Фото: Твитер