Илон Маск најави тестирање на мозочните чипови на луѓето – ММС
ММС

Објавено на: 12/1/22 9:08 AM

Илон Маск најави тестирање на мозочните чипови на луѓето

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Неуралинк да започнат кај луѓето во рок од шест месеци, откако претходно беа пропуштени роковите.
Неуралинк развива мозочни чипови кои се дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции и да лекуваат мозочни заболувања како што се Паркинсоновата, Алцхајмерова болест или деменција.

Компанијата спроведе тестови на животни во последниве години додека чекаше одобрение за тестирање на луѓе од американската Администрација за храна и лекови (ФДА), пренесува Ројтерс.

„Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се погрижиме да работи добро пред да го ставиме уредот во човек, но мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до ФДА и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот. врз луѓето“, рече Маск за време на презентацијата во седиштето на Неуралинк која траеше речиси три часа.

Извор: ртв.рс

Фото: Instagram