„Скандалите ја ослабеа демократијата“ – Национална антикорупциска организација ќе ја следи чесноста на пратениците во Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/22 9:28 AM

„Скандалите ја ослабеа демократијата“ – Национална антикорупциска организација ќе ја следи чесноста на пратениците во Австралија

По низата контроверзи во политичката сфера, Австралија денеска усвои закон за создавање национална организација со широки овластувања за следење на чесноста на членовите на Парламентот.

„Овој долгоочекуван ден е победа на интегритетот, одговорноста и чесноста“, изјави премиерот Ентони Албанесе, кој на легислативата гледа како средство за враќање на довербата на јавноста.

Искреноста на политичарите беше главна тема во кампањата за изборите во мај, по серијата скандали поврзани со трошењето државни пари, случаите на кинеско политичко мешање и влијанието на бизнисот со видео-игри.

Парламентот вчера му изгласа недоверба на поранешниот премиер Скот Морисон, кој тајно се назначи за раководител на голем број министерски места за време на пандемијата на коронавирусот.

Новосоздадената организација се очекува да биде оперативна до средината на 2023 година.

Кленси Мур од „Транспаренси Интернешнл“ ја поздрави одлуката на Канбера, оценувајчи ја како „најголемата реформа за чесноста на јавноста во Австралија во последните 40 години“.

„Во очите на луѓето, Австралија е убава дестинација за одмор. Но „во текот на изминатата деценија, бројните политички скандали ја уништија довербата на јавноста и на крајот ја ослабеа демократијата“, изјави тој.

МИА