Дојдоа пензиите! Денес започнува етапната исплата – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/22 10:17 AM

Дојдоа пензиите! Денес започнува етапната исплата

Министерството за труд и социјална политика известува дека денес започнува етапната исплата на пензиите за ноември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши денес,  за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши утре, за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.12.2022 година во петок. Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денес. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, информираат од МТСП.