По барање на Окружното обвинителство во Софија, судот го задржа во притвор македонскиот државјанин кој се сомничи дека илегално им помагал на странци да влезат во земјата, соопшти прес-центарот на Окружното обвинителство на Софија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, македонскиот државјанин Б.Д. кривично се гони затоа што на 25.11.2022 година околу 07:45 часот на бул.Цариградско Шоше во Софија, за да прибави имотна корист за себе незаконски им помогнал на 15 авганистански државјани илегално да престојуваат и минуваат низ Бугарија, со тоа што ги превезувал со автомобил Фолксваген. Поведена е предистражна постапка за сторено кривично дело и му е одредена мерка притвор во траење до 72 часа.
Софискиот окружен суд ги прифатил аргументите на Обвинителството дека обвинетиот може да побегне и пресудил против Б.Д. најтешка мерка за обзбедување – „притвор“. Против мерката притвор може да биде поднесена жалба пред Градскиот суд во Софија.
МИА