Премиерот Ковачевски денес се осврна на состојбата на РЕК Битола, но и на останатите централи.
Тој ги повика новинарите да направат обиколка на РЕК Битола, да видат колку е стара опремата, а вработените ги прогласи за херои.
– Јас сакам да им се заблагодарам на сите инжинери во ЕСМ, особено оние кои работат во РЕК Битола, Осломеј и Неготино. Ве повикувам да ги посетите вработените во РЕК Битола за да видите со каква опрема од 1978 година работат во три смени. Како изгледаат и цевководите и вентилите и самите блокови произведени во Советскиот Сојуз, затоа што 31 години никој не инвестирал за базна енергија во државата и ако некој е херој на ова време, тогаш тоа се вработените. Кога ќе се каже дека некој блок испаднал, тоа значи дека некоја цевка од 1978 година пукнала и вработените на висока температура ги зававуваат. Треба да им се оддаде признание, рече Ковачевски.