Ќе се реконструира улицата „Даме Груев“, зад Собрание – Центарот на Скопје во сообраќаен хаос – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/22 9:34 AM

Ќе се реконструира улицата „Даме Груев“, зад Собрание – Центарот на Скопје во сообраќаен хаос

Утрово уште една главна улица во Скопје почна да се реконструира, а бидејќи се наоѓа зад Собрание и е една од главните улици во градот, ќе предизвика дополнителен хаос во сообраќајот, бидејќи веќе неколку главни сообраќајници се реконструираат.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје утрово информираше дека  поради извршување на активности од првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“, на потегот од крстосница со улицата „ Македонија“ до улицата „11ти Октомври“, ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

-Екипите на ЈП „Улици и патишта“ машински ќе го гребат оштетениот асфалт, а поради изведба на градежните активности целиот овој потег ќе биде затворен за сообраќај и обележан со соодветна сигнализација. Времениот сообраќаен режим зад зградата на Собранието, ќе важи до завршување на градежните работи, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, информираат од ЦУКС.