Вардар со победа против Железничар го прослави 75. роденден – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/22 9:14 AM

Вардар со победа против Железничар го прослави 75. роденден

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар синоќа го совлада Железничар од Сараево со 2:0 во ревијален натпревар со кој беше прославен јубилејот – 75 години од формирањето на клубот.

Воедно, навивачите на „црвено-црните“, Комити прославија 35-години од формирањето.

Головите на Националната арена „Тодор Проески“ ги постигнаа Филип Јаневски во 45. и Ерен Парталко во 72.минута.

Двата јубилеја поминаа во знак на кореографското и пиротехничкото шоу што ги приредија Комитите.