Злата Петровиќ се изнервирала кога слушнала дека нејзиниот бивши Саша Поповиќ, со кого била во врска две години, и се налутил на Неда Украден што го спомнал во нејзината книга.
Таа не може да поверува дека толку се потресол Саша што Неда го нарекла „женкар“ и дека открила дека сакал брак и бебе со неа!
“Неда убаво го опиша, секогаш имаше некои девојки околу Сале и беше тешко да го скротат. Жената го одби за брак, па што, и јас го одбив кога ме запроси! Нема што да се лути сега и да демантирам во весниците. Разбирам, оженет е, има жена и прекрасна ќерка и сега не му требаат тие приказни од минатото, но не направи ништо лошо за да го скрие, не беше светец, да се разбереме, рекла Злата и додала:
-Книгата е во продажба, не може да ја стопира, може само да ја купи и да ја чува како сувенир. Лаже секој што вели дека не знае со кого бил Сале и кого го бркал како тип! Се знае чие здолниште го бркаше и кого молеше, но тоа не е срамота. За мене е глупаво ова што го прави сега“, изјавила Злата за Стар и открила дека во својата книга ќе ги каже и сите детали од двегодишната врска со Поповиќ, но дека се уште нема намера да пишува автобиографија.
Извор: курир.рс/стар.рс