Приведени тројца прилепчани, запалиле автомобил на свој сограѓанин – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/22 1:41 PM

Приведени тројца прилепчани, запалиле автомобил на свој сограѓанин

Полицијата уапсила тројца прилепчани кои се сомничат дека запалиле автомобил на сограѓанин. Автомобилот бил со бугарски регистарски таблички.

„На 22.11.2022 во 23.50 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(38), Ј.Ф.(27), П.С.(31), сите од Прилеп. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот предизвикале пожар  во патничко возило „киа венга“ со бугарски национални ознаки, сопственост од Т.Н.(48) од Прилеп, паркирано на ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема,“ информираат од Полицијата.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.