Учениците кои се изживуваа врз професорка во Србија ќе бидат избркани од училиште, одлучи Наставничкиот совет – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/22 11:40 AM

Учениците кои се изживуваа врз професорка во Србија ќе бидат избркани од училиште, одлучи Наставничкиот совет

Наставничкиот совет на Техничкото училиште од Трстеник донел одлука учениците кои се изживуваа врз професорка да бидат избркани од училиштето.

Како што пишуваат српските медиуми, овие ученици до крајот на годината нема да можат да се запишат во кое било друго училиште во Трстеник.

Активот на директори на основните и средни училишта во Трстеник вчера најостро го осуди насилството кое се случи во Техничкото училиште и побара сторителите да бидат казнети. По состанокот тие излегоа со заеднички став со поддршка за нападнатата професорка и колективот во училиштето.

– Недозволиво е некој да биде изложен на насилство и да се чувствува небезбедно на своето работно место, рекоа по состанокот од Активот на директори.

За потсетување инцидентот се случил во Техничкиото училиште во Трстеник а во него учествуваа тројца ученици и професорка. На социјалните мрежи се појави видео во кое учениците брутално се изживуваат врз професорката, притоа повлекувајќи и го столот на кој седи.
Малтретираната професорка за српските медиуми изјави дека не била свесна што се случило се додека не се вратила дома и синот и го покажал видеото.