Обвинение за насилникот, кој нападна новинарска екипа – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/22 9:43 AM

Обвинение за насилникот, кој нападна новинарска екипа

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом.

Тој најпрвин вербално, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со десниот лакт кон левата долна вилица и нанесувајќи му телесна повреда  – набиеница. Кај присутните сведоци на настанот – новинар и возач на телевизиската екипа, обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Со обвинителниот предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат основите поради кои таа првично му беше определена.​

(Видео) Предложен куќниот притвор за напаѓач врз новинарска екипа