Американскиот актер, рапер, водител и комичар Ник Кенон неодамна го доби своето 11-то дете, а потоа откри дека е на пат 12-тото.
Неодамна новинарите го прашаа дали планира уште деца по 12-тото.
-Не знам, човеку. Немам поим. Мислам дека засега сум добар, изјави тој за Билборд за време на нивниот настан минатата недела, а потоа откри дека татковството е негов „приоритет број еден“.
Вели дека неговите деца му даваат сила.
„Моите деца се дефинитивно креативната сила во сè што правам. Тие се најзабавните, најиновативните, најдобрите… Секој проект на кој работам сега е преку нивни очи“, рече тој.
Кенон има 11 деца со шест жени. Тој со поранешната сопруга Мараја Кери ги има близнаците Марокан и Монро. Има четиримесечен син Леџендари со манекенката Бре Тиези, едномесечна ќерка Оникс со моделот Ла Ниша Кол, како и синовите Голден (5), едномесечната Рајс и едногодишната ќерка Powerful Queen со моделот Британи Бел.
Пред неколку дена тој доби ќерка со Аби Де Ла Роуз, со која претходно ги добил близнаците Зион и Зилион. Тој го има синот Зен со Алиса Скот, но бебето почина во декември минатата година. Сега го очекува своето 12-то дете со Алиса.
Извор: индекс.хр
Фото: Инстаграм