Во Скопје утрово се случува сообраќаен хаос.
Жители од населбата Ародром кон центарот на градот патуваат скоро цел час, а улиците се преполни со долги колони автомобили. За да го избегнат преполнетиот булевар „Јане Сандански“ возачите одат по споредните улици, кои поради застојот исто така е преполнети, па дополнително се создава нервоза.
Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, како што вчера најавија, не сообраќаат поради тоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не го исплатила долгот кон компанијата.
Од Град Скопје, пак, предмалку стаса соопшетние во кое се апелира до граѓаните да не веруваат на лажните вести и манипулациите кои ги пласираат разни политички групации.
-Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување. Приватниот превозник „Слобода Превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници, информираат од градот.
.