Земјотрес со јачина од 5.5 степени ноќеска, половина час по полноќ го погодил грчкиот остров Крит, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) на Твитер.
На жителите им е издадено предупредување за цунами и им било наредено да се оддалечат од брегот на повисоките места.
Засега нема информации за причинета штета.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил во морето на околу 60 километри североисточно од Ситија, Крит.
‼🌊TSUNAMI ALERT
Following the #earthquake (#σεισμός) M6.0 occurred 60 km NE of #Siteía (#Greece) 20 min ago (local time 01:25:00). Move away from the coast and reach a higher place. Follow national authorities’ directives. Updates at the links provided below👇 pic.twitter.com/sXIFV6nBL1— EMSC (@LastQuake) November 20, 2022