Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун денеска за првпат на светот му покажа фотографија од својата ќерка, на која двајцата се фотографирани пред лансирањето на најголемата балистичка ракета во земјата.
Севернокорејските државни медиуми денеска јавија дека Ким претходниот ден го следел лансирањето на нов тип интерконтинентална балистичка ракета со неговата сопруга Ри Сол-џу и нивната „сакана ќерка“ и други официјални лица.
Ким изјави дека лансирањето на Хвасонг-17, севернокорејската ракета со најдолг дострел и нуклеарен капацитет, покажа дека земјата има сигурно оружје за да ги задржи воените закани предводени од Америка.
МИА
Фото: принтсрин Јутјуб